Директорите на „Форд“ тестираа кинески теренец: Останаa шокирани!


Што се случува кога шефовите на голем европски бренд седнат зад воланот на кинески бренд?

Се чини како „до вчера“ кинеските производители на автомобили да беа задолжени за изработка на застарени лимузини, но денес го освојуваат светскиот пазар со нови технологии.

Двајца врвни луѓе во американската компанија „Форд“ – извршниот директор Џим Фарли и финансискиот директор Џон Лолер имаа можност од прва рака да видат колку напредувале Кинезите.

Имено, двајцата отпатуваа во Кина на почетокот на 2023 година и седнаа зад воланот на SUV автомобил од компанијата Changan (не се кажува кој), со кој „Форд“ има соработка на локално ниво.

Фарли возел, додека Лолер бил на совозачкото место, а според весникот извештаите, тие биле воодушевени од автомобилот. „Џим, времињата се сменија. Овие момци сега се пред нас“, му рекол Лолер на извршниот директор на „Форд“.

Европа и САД планираат да се борат со напливот на кинески автомобили на нивните пазари со високи царини, но прашање е дали ќе успеат со оглед на ниските цени и високата технологија што ја нудат Кинезите.