Директните инвестиции лани достигнале 1,2 милијарди евра, се пофали Мицкоски

Во 2024 година, вкупните директни инвестиции во земјата изнесуваат 1 милијарда и 255 милиони евра, а растот во последниот 4-ти квартал на минатата година е цели 400 милиони евра што за Македонија и регионот е најдобар економски резултат, објави премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук. Со тоа, како што наведува, Македонија го достигна историски највисокото ниво на странски директни инвестиции.
– На овој успех се радувам особено затоа што сите знаеме каков економски пустош и запоставеност во секоја област затекнавме. Ќе продолжиме макотрпно да работиме за секој еден граѓанин, и да ја развиваме економијата обезбедувајќи заедничка иднина. Само со работа, успеси и визија Македонија станува повторно ваша!, пишува Мицкоски, кој денеска патува за Турција на средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.