Директен судар на патот Штип-Пробиштип, возачот бегал од пламен од пожарот


Фото: Б. Грданоски

Две патнички моторни возила директно се судриле на патот Штип-Пробиштип, откако едното во обид да избегне пламени наноси од пожар, преминало во спротивната сообраќајна лента.

Според првичните информации, возилото кое се движело во насока кон Штип се обидело да избегне пламени наноси навлегло во спротивната лента и директно се судрило со друго возило кое се движело во таа коловозна лента.

Во несреќата повредени се повеќе лица, кои веднаш се пренесени во болница за укажување на лекарска помош.

Дополнително, неколку лица се повредени од вдишување чад и се пренесени за укажување на лекарска помош, додека на терен се регистрирани нови жаришта на пожари во селата Ратавица, Неокази и на местото викано Глобица.