Директен судар на автобус и автомобил кај Младеновац во Србија, 37 повредени


Според последните информации, во Ургентниот центар во Белград се примени вкупно 37 лица откако се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи утринава кај Младеновац.

Тешка сообраќајна несреќа, во која дошло до директен судир на автобус и автомобил, се случила утринава кај Младеновац, а повредени се 29 лица.

Возачот на патничко возило загина утрово во судир со автобус во близина на Младеновац, а 30 луѓе се донесени во итниот центар, според Танјуг.

Во Ургентниот центар пристигнале 29 повредени, од кои четворица со тешки телесни повреди.

Според српски „Блиц“, повредените се уште пристигнуваат во Ургентниот центар во Белград.

Како што пренесува овој медиум, повеќето од повредените имаат повреди на главата, скршеници на носот, забите…

Има и неколку лица кои се лекувани на ортопедија од скршеници на коските.

Министерот за здравство Златибор Лончар рано утринава изјави дека во Ургентниот центар пристигнале 29 повредени лица, од кои четворица се со тешки телесни повреди и се згрижени, изјави Златибор Лончар коментирајќи ја сообраќајната несреќа што се случи кај Младеновац.

-Примени се 29 пациенти, од кои четворица се со тешки телесни повреди. Моментално се прави дијагностика. Четворица сигурно ќе бидат приведени, а за другите ќе видиме подоцна“, изјави министерот за здравство за Телеграф.рс.

Сообраќајна несреќа се случила утринава во 5 часот и 40 минути во местото Ветрењача кај Младеновац.