Димитриеска Кочоска: Продолжува имплементацијата на Законот за игри на среќа


Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска информира дека продолжува имплементирањето на новиот Закон за игрите на среќа и за забавните игри, кој беше донесен на крајот на јуни оваа година, со донесувањето на Правилникот за утврдување на репутацијата, интегритетот и потеклото на средствата за приредување игри на среќа.
Станува збор за акт со кој детално се пропишува потребната документација за потврдување на репутацијата на правните и физичките лица кои поднесуваат барање за лиценца за казино, обложувалница, автомат клуб или томбола од затворен тип.
 
„Ова е важен чекор, Правилникот ги претвора законските принципи во конкретни правила, процедури и критериуми што ќе можат да се применуваат во пракса.

 

 

Министерството за финансии работи и на подготовка и донесување на останатите правилници потребни за целосна имплементација на Законот“, соопшти Димитриеска Кочоска.

 

Потребата документација меѓу другото се однесува на изречени санкции за забрана за вршење професија, изречена казна за забрана за приредување на игри на среќа и слични околности кои се значајни за нивното учество во приредувањето на игрите на среќа.

Дополнително Правилникот воспоставува и строга контрола врз потеклото на средствата во основната главнина, како и следење на движењето на паричните средства.