Димитров – Рот: Ситуацијата е изгледна, но одлуката за датумот се уште не е донесена
– Се уште се дебатира како да се одржи состанокот на Советот за надворешни работи. Белгија се затвори и тешко е било кој да присуствува во моментов. Се преговара за одржување на состанокот преку видео врска, но сметам дека ЕУ ќе прати лош сигнал дека е толку оптоварена со епидемијата што не може да расправа за други прашања -рече Димитров.
Околу тоа дали е усогласена новата меодологија меѓу земјите членки на ЕУ бидејќи некои членки како Бугарија имаат дадено свои забелешки и дали е можно да се донесе одлука за старт на преговорите без усвоена нова методологија, министерот Рот истакна дека не очекува таква блокада и оти и Берлин е фокусиран на изнаоѓање креативно решение како да се одржи состанокот на Советот за општи работи.

-Во Советот на министрите разговаравме за тоа. Имам впечаток дека меѓу земјите членки голем број се согласни. Во овој момент не гледам дека некој ќе ја блокира новата методологија. Актуелната криза не прави креатаивни. Се залагаме тука во Берлин за тоа и он лајн можностите треба да ги искористи и Советот. Можам да се согласам со Димитров, токму во ова време треба ЕУ да покаже дека можеме да дејствуваме и да донесуваме одлуки, особено во однос на проширувањето, рече Рот. С.Ј.)