Девет мртви во болница во Русија, пукнала цевка за довод на кислород
Девет пациенти загинаа во понеделникот во Русија, кога пукнала цевка за довод на кислород во болница во Владикавказ, главниот град на руската република Северна Осетија, соопшти Министерството за здравство.
„Девет пациенти заболени со корона вирус починаа поради недостиг на кислород во болницата во Владикавказ. Денеска се случи дефект на системот за довод на кислород“, наведува министерството, а пренесуваат руските нонински агенции.
Се води истрага за непочитување на сигурносните прописи и смрт поради немарност, соопшти рускиот истражен одбор, кој се занимава со тешки казнени дела, пренесе ТАСС:
Од почетокот на пандемијата неколку хаварии во болниците доведоа пациенти од Ковид-19 до смрт.
Во јуни тројца починаа во пожар во болницата во Разањ, југоситочно од Москва. Постои сомнеж дека се работи за дефект на респиратор.
Во мај 2020 година седуммина загинаа во пожар во болница во Москва и во Санкт Петерсбург, каде исто така се сомневаат на дефект на респиратори.
Русија е четврта земја на светот по бројот заразени со корона вирус, а речиси 6,5 милиони жители досега заболеа од Кови-19.
Според Ростат, до крајот на мај во Русија од Ковид-19 починаа најмалку 290.000 луѓе.