Дете висеше од жичарница на Јахорина, па падна – скијачите се обидуваа да го фатат


Вчера, дете падна од жичарница на планината Јахорина во Босна и Херцеговина откако висеше некое време, држејќи се за столчето. Видеото од инцидентот покажува како другите скијачи се обидуваат да помогнат, но детето на крајот падна на земја.

 

Видеото го прикажува детето како виси од столчето неколку моменти пред падот. Скијачите кои случајно се нашле на патеката под жичарницата се обиделе да го фатат за да го ублажат падот.

Сè уште не е познато зошто детето паднало од столчето.

Пренесено во болница
Планинските служби потврдија за BN дека се случила несреќата. Повреденото дете е пренесено во болницата „Србија“ во Источно Сараево, каде што е на лекување.

Сличен инцидент имаше и на планината Бјелашница, каде на 3 јануари годинава, едно момче падна од жичарницата и се здоби со тешки повреди.