Дете уби крадец кој сакал да ја ограби баба му


Момче на возраст од 12 години уби еден од провалниците кои упаднале во стан во Северна Каролина, соопшти полицијата.

Наведено е дека две маскирани лица упаднале во станот, барале пари и пукале во едно постаро лице.

Се работи за Линда Елис (73), која еден член на семејството ја идентификува како баба на детето, пишува Ен-би-си њуз.

Момчето пукало по нив, поради што тие побегнале.

Полицијата соопшти дека пронашла еден од крадците кој бил ранет, а подоцна починал во болница.

Бабата Елис е во болница со повреди кои не се опасни по живот.