Десницата како секта: И ЕПП се замеша во изборите на Косово, ја поддржа својата идеолошка партија
Претседателот на Европската народна партија (ЕПП) Манфред Вебер го поддржа кандидатот на лидерот на Демократската лига на Косово (ЛДК) Љумир Абдиџику за премиер на Косово. По Ричард Гренел, тој е втор кој се меша во интерес на десницата, а против Албин Курти, иако е најпопуларен во државата.
Во видео-обраќање, Вебер рече дека оваа недела народот на Косово мора да избере меѓу тоа да остане во место или да оди напред. Според него, има само еден лидер кој има интегритет и визија да го води Косово кон подобра иднина.
„Тој е наш партнер и пријател долго време. Љумир не е политичар кој зборува празни слогани. Тој е лидер кој ја разбира тежината на одговорноста, кој знае дека раководењето бара напорна работа, сериозни реформи и длабока посветеност на луѓето. Под негово водство, ЛДК, партија членка на ЕПП, изгради јасен и амбициозен план за следната генерација“, рече Вебер.
Тој додаде дека е време Косово да избере надеж наместо разочарување и да избере акција наместо изговори.
„Јас го поддржувам Љумир и неговиот одличен тим во ЛДК, бидејќи Косово заслужува лидерство кое дава резултати“, додаде тој. Истото тоа ЕПП го кажуваше и ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски и неколкупати покажа досега дека поддржува само десничари без оглед какви се, дали се корумпирани, про-ЕУ или анти-ЕУ и во чиј интерес работат, за ЕУ или за Русија.
Покрај Абдиџику, кандидати за премиер на Косово се и актуелниот премиер Албин Курти, Бедри Хамза од Демократската партија на Косово (ПДК) и Рамуш Харадинај од Алијансата за иднината на Косово (ААК).