Дешамп: Наш противник не е судијата, туку Мароко


Селекторот на Франција, Дидие Дешамп, на интересен начин коментираше дека натпреварот меѓу неговиот тим и Мароко вечерва ќе го суди аргентинскиот судија Факундо Тељо.

Откако ФИФА објави дека Тељо ќе го суди вечервашниот дуел, навивачите на двата тима беа незадоволни.

Французите се загрижени дека натпреварот ќе го суди земја која сè уште е во натпреварувањето и нивен потенцијален противник во финалето, исто како што Аргентинците беа загрижени дека нивниот натпревар го судеше Французинот Франсоа Летексиер.

Дешамп нагласи дека морал да се помири со одлуката на ФИФА, но нагласи дека се надева дека Тељо ќе ја дели правдата праведно.

„Мораме да се справиме со таа одлука. Му верувам на судијата. Нашиот противник не е судијата, туку Мароко, но се надевам дека Тељо ќе ја дели правдата како што Летексиер го стори тоа со Аргентина“, рече Дешамп.