Десетици пожари во БиХ, повредени тројца пожарникари


 

Тројца пошарникари во Мистар побарале лекарска помош по гасењето на десетина пожари клои во последните денови горат на подрачјето на Херцеговина и голтаат големи површини со шума и ниски растенија.

Од пожарите загрозени се куќи и стопански објекти.

Еден од пожарникарите има изгореници на прстите, додека двајцата други се надишале чад. По укажаната лекарска помош пуштени се дома.

Најтешка е состојбата во местото Горни Црнач, каде е побарана помош од хеликоптер, каде изгореле и многу овоштарници, а огнената стихиа се заканува и на куќите, кои пошарникарите успеале да ги спасат.

На подрачјето на херцеговина во последните два дена пожарникарите интервенирале на 60-тина пожари, а активни се уште неколку.