Десет мртви и 70 повредени откако невреме преврте туристички чамци во Кина

Десет лица загинаа во несреќа со превртен чамец на река во југозападната кинеска провинција Гуиџоу, а 70 други се префрлени во болница, објавија утринава државните медиуми, пренесе ДПА.
Ниту еден од повредените не е во критична состојба, објави агенцијата Ксинхуа.
Ненадејна бура и обилните дождови вчера предизвикаа превртување на четири чамци во реката Ву, популарна туристичка дестинација, наведува Ксинхуа.
Во два од чамците се превезувале патници, покаснува германската агенција.
Властите соопштија дека 84 лица паднале во водата, а четворица туристи не се повредени.
Првичната истрага покажа дека чамците не биле преоптоварени, објави Ксинхуа.
Речиси 500 спасувачи, вклучувајќи полицајци и пожарникари, работеа во текот на ноќта за да помогнат во операцијата, пренесе ДПА.