Десет кубански спортисти побарале азил во Чиле


 Чилеанската Влада соопшти дека примила 10 барања за заштита на бегалци од спортисти кои неодамна учествувале на Панамериканските игри во Сантијаго.

Вкупно 12 од 412 членови на кубанската делегација се уште се во јужноамериканската земја, соопшти портпаролката на чилеанската влада Камила Ваљехо.

Од 20 октомври до 5 ноември во Сантијаго се одржаа натпреварите за спортисти од американскиот континент, Панамерикански игри, кои се одржуваат на четири години.

Кубанските спортисти често се натпреваруваат во странство.

Карипската еднопартиска држава моментално ја доживува една од најлошите економски кризи од револуцијата на Фидел Кастро во 1959 година, поради повеќедецениското американско ембарго, лошото управување и падот на туризмот.

Повеќе од 400.000 Кубанци ја преминале американската граница во изминатите две години – речиси четири проценти од населението на социјалистичката островска држава.

Според локалните медиумите, меѓу спортистите кои пребегнале има и шест хокеари. Капитенот на тимот Јунија Миланес за чилеанската телевизија Т13 изјави дека тие го напуштиле тимот и се скриле на патувањето назад во селото на спортистите по нивниот натпревар против Уругвај.