Денеска во Србија пристигнуваат првите вакцини против Ковид-19

На белградскиот аеродром денеска предтпладне пристигнуваат првите вакцини на „Фајзер“ против Ковид-19.
Во контингентот има 4.800 парчиња вакцини, а според претходните најави, наменети се за корисниците на старечките домови.
Во Србија од почетокот на епидемијата досега од корона вирус заболеа 303.747 лица, а забележани се 2.733 смртни слуачи, покажуваат податоците од страницата covid19.rs.
На респиратори се 330 пациенти.
Последните денови опаѓа бројот на новозаразени, но стручњаците предупредуваат дека помал број не значи и помал ризик од инфекција и дека секое непочитување на мерките скапо ќе чини.