Денеска во БиХ 924 новозаразени, починаа 51 пациент

Во Босна и Херцеговина во претходните 24 часа регистрирани се 924 новозаразени лица со корона вирус, од обработени 2.787 тестови. Во истиот период починаа 51 пациент.
Во Федерацијата направени се 1.665 тестови, а 443 биле позитивни.
Пријавени се 27 нови смртни случаи, а досега од последиците од корона вирусот починаа 1.445 пациенти.
Досега тестирани се 270.071, а Ковид-19 е потврден кај 53.568 лица.
До денеска излечени се 34.243 пациенти, а активни се 17.880 случаи.
Во Република Српска регистрирани се 423 случаи, од 1.024 тестови.
Починале 21 пациент или вкупно 962.
Досега потврдени се 28.978 случаи со корона вирус, а оздравеа 13.856. Вкупно тестирани се 130.014 лица.
Во Брко тестирани се 98, од кои 58 биле позитивни. Починаа тројца пациенти.