Денеска средба Мицотакис – Ердоган во Вашингтон


Атина– Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган вечерва ќе се сретнат на маргините на Самитот на НАТО Самитот во Вашингтон, јави дописничката на МИА од Атина. 

Според грчките медиуми, средбата е закажана за 16 часот по локално време. 

За време на дискусијата со поранешниот амбасадор на САД во Грција Даниел Спекхард во организација на американската тинк-танк Council on Foreign Relations, говорејќи за грчко-турските односи, Мицотакис рече дека во последната една и пол година, односите значително се подобрени. 

Сепак, додаде дека одредени фундаментални турски позиции во однос на Источниот Медитеран не се променети, но и дека е факт, како што рече, што има 16 месеци мир во грчкиот воздушен простор, дека постои соработка во прашањата поврзани со миграцијата, но и дека е постигнат договор со Турција што им овозможува на турските граѓани да патуваат на островите во Егејското Море и лесно да добиваат визи.