Денес Силјановска ќе биде инаугурирана за шести претседател на државата
Гордана Силјановска Давкова денес ќе стане првата жена претседател на Македонија. Победничката на претседателските избори ќе даде свечена изјава во Законодавниот дом, со што и официјално ќе биде инаугурирана како шести претседател на државата.
Потоа во кабинетот на претседателот на Водно ќе се одржи официјална церемонија на примопредавање на функцијата со највисоки државни и воени почести. По свечената церемонија новоизбраната претседателка Гордана Силјановска Давкова и досегашниот претседател Стево Пендаровски чијшто мандат истекува денес, предвидено е да остварат тет-а-тет средба.
Државната изборна комисија вчера и’ го издаде уверението за избран претседател на Гордана Силјановска-Давкова. Во текот на денешниот ден таа пред пратениците во Собранието ќе даде свечена изјава.