Делта плус сојот стигна и во Хрватска
Хрватска- Делта плус сојот не ја поштеди ниту Хрватска. Официјално е регистриран и првиот случај, изјавија надлежните здравствени власти.
Случајот е регистриран во Чаковец.
-Знаевме дека е пред вратата. Искуството со делта и алфа сојот ќе се покаже колку е опасен. Засега се знае дека е нешто позаразен од делта сојот, истакна заменик-директорот на Хрватскиот завод за јавно здравје, Ивана Павиќ Шиметин.
Хрватска е означена со темноцрвена боја на европската корона-мапа, а вчера имаше 6 310 нови случаи на инфекција со коронавирус – најмногу од почетокот на епидемијата.