Делови од Центар и Водно денеска без вода


Без вода денеска од 9 часот ќе бидат дел од корисниците од булеварот „Илинден“, на потегот од Влада до Градски парк и објектите во рамки на Градскиот стадион. 

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради изведување водоводен приклучок ф-80 милиметри на улицата „8 Март“ број 7.

Во истиот временски период без вода ќе останат и дел од корисниците од улицата „Тодор Александров“ без број, пред полициската станица Водно. Прекинот е поради санирање дефект на истата улица. 

Водоснабдувањето на двете локации ќе биде прекинато до завршување со работните активности.