Дел од Општина Карпош без вода


Без вода денеска од 9:00 часот ќе бидат улиците „Осло“, „Будимпештанска“, „Душко Бојковски“, „Бањалучка“, „Љубица Ѓоргиева“, „Урош Џудовиќ“ и „Женевска“ во  Општина Карпош.

Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради промена на затварачи од ф125мм и од 100мм на ул. „Осло“ бр.15а.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности.