Декларација: Територијалниот интегритет на Украина мора да биде основа на мирот


Претставници на повеќе од 80 земји кои присуствуваа на мировната конференција за Украина во Швајцарија денеска потпишаа декларација во која се наведува дека „територијалниот интегритет“ на Украина е основа за секој мировен договор што ќе стави крај на војната.

Со заедничката декларација заврши дводневната конференција на која не присуствуваше претставник на Русија.

Според аналитичарите дводневната конференција најверојатно ќе има многу мало конкретно влијание врз завршувањето на војната.