Дејвид Џулиус и Ардем Патапутан добитници на Нобеловата награда за медицина


Овогодишни добитници на Нобеловата награда за физиологија и медицина се Дејвид Џулиус и Ардем Патапутан за нивната работа на рецепторите за температура и допир.

Патапутан со помош на ќелиите чувствителни на притисок откри нова класа сензори кои реагираат на механички стимуланси во кожата и во внатрешните органи.

Џулиус користел капсаицин, остро соединение од чили пиперките кое предизвикува пецкање, за да идентификува сензор во нервните завршетоци кој реагира на топлина.

Нивните откритија објаснуваат како топлината, студеното и допирот, може да покренат сигнали во нашиот нервен систем. Идентификувани се јонски канали врзани за многу физиолошки процеси и состојба на болести.