Дејвид Боуви добива своја улица во Франција


Во понеделник, 8 јануари, градските власти во Париз официјално ќе именуваат улица по легендарниот музичар Дејвид Боуви.

Тоа ќе биде прва почит од ваков вид на легендарниот уметник кој почина пред осум години.

Блиску до позната библиотека

Понеделник е избран затоа што Боуви е роден на 8 јануари 1947 година. Улицата Дејвид Боуви ќе се наоѓа во 13-тиот арондисман, во близина на библиотеката „Франсоа Митеран“.

Да потсетиме, Боуви почина на 10 јануари 2016 година од рак на црниот дроб.