Деца јаделе слатки со канабис, па повраќале и паѓале во несвест


 

Четири деца завршиле во болница во велика Британија откако јаделе слатки за кои мислеле дека содржат канабис.

Тие не би требало да имаат долготрајни последици, соопшти денеска полицијата.

Децата се најдени како повраќаат и паѓаат во несвест, а потоа доаѓаат при свест во саботата попладне во Паунд лејн во Епсон, пренесе Гардијан.

Три момчиња – од кои двајца на возраст од 12 години, а третиот 13 и девојче (12), одвезени се во локалната болница и треба да се сметаат среќни што не добиле потешки последици по она што го јаделе, додаваат од полицијата.

Се наведува дека добиле сериозна реакција на слатките за кои мислеле дека содржи канабис.

Уште едно момче на возраст од 12 години е пренесено во болница на инсистирање на семејството, затоа што верувале дека и тој јадел од слатките.

Изворот на слатките се испитува, а полицијата нема претстава како може да изгледаат, иако извештаите укажуваат дека можно е да јаделе зелени бонбони.

Полицијата истражува кој им ги дал слатките на децата, за кои се претпоставува дека ги добиле на блиското игралиште.

Таквата храна смее да се јаде, но е илегална и не е со закон регулирана во Велика Британија..