Дебранец со четирицикл удрил во паркиран трактор, се здобил со тешки телесни повреди


Илустрација

Дваесет и седум годишен жител на Дебар управувајќи четирицикл синоќа удрил во паркиран трактор при што се здобил со тешки телесни повреди.

-Синоќа во 21:30 часот во Одделението за внатрешни работи во Дебар е пријавено дека на улицата „Дебарски конгрес“, четирицикл без регистарски ознаки, управуван од А.Х.(27) од Дебар удрил во паркиран трактор. Притоа, возачот на четирициклот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница со проширена дејност во Дебар, информраше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Посочува дека полициски екипи на местото на настанот извршија увид, по што ќе следува соодветна пријава.