Данска го бојкотира Давос поради спорот за Гренланд


Давос – Данските претставници нема да присуствуваат на овогодинешниот Светски економски форум во Давос поради ескалацијата на спорот околу Гренланд, објави денес Блумберг.

Агенцијата, повикувајќи се на изјава од организаторите на форумот, соопшти дека данската влада нема да учествува на форумот во Давос оваа недела.

Спорот околу Гренланд ескалираше за време на викендот откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе воведе царини за стоки од осум европски членки на НАТО, што ја поттикна Европската унија да размисли за потенцијално воведување царини за американски стоки во вредност од 93 милијарди евра.