Дали сте под голем стрес? Експертите тврдат дека оваа физичка активност помага најбрзо
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2021/03/stres.jpg)
За многумина од нас, нервозата и стресот се дел од дневната рутина со која се помиривме. Колку и да се обидуваме да не се вознемируваме, некои работи не е лесно да се игнорираат, затоа сообраќајниот метеж и недостаток на време честопати не исфрлаат од рамнотежа.
Физичката активност е секогаш добро решение ако сакаме да ги намалиме нивото на кортизол. Сепак, сега пандемијата на вирусот корона не оддели од нашите омилени тренинзи, барем за некое време, па каде е решението? Трчањето е идеална активност за да се ослободите од напнатоста, и што е најважно, ќе поминете време на свеж воздух.
Трчањето во природа, на отворено, особено во парк, шума или покрај вода, ќе направи чуда за организмот. „Спортот ослободува хормони како што се серотонин и допамин, и тие помагаат во концентрацијата и го подобруваат расположението“, тврди научникот Јохана Руп и истакнува дека е важно да уживате во оваа физичка активност.
Дури и умерено вежбање резултира со зголемено чувство на среќа и задоволство, покажаа студиите, па ако претпочитате да возите велосипед отколку да трчате, изберете што сакате, дури и лесна прошетка во парк.