Дали лебот и компирот се здрави намирници?
Изобилството на информации денес значи дека меѓу нив има многу точни и многу неточни, а можеби најмногу се оние кои се само половина точни. Другата „половина“ често е искривена, недоволно објаснета или резултат на површни заклучоци. Многу од нив се поврзани со здравјето и исхраната.
Ваквите информации – би рекле, „митови“ за храната, се повеќе се шират, а честопати содржат и „алармантни“ забрани и предупредувања. Два такви мита се однесуваат на лебот и компирот, храна која често ќе ја слушнете не е здрава. Погрешно!
Лебот денес е прогласен за една од најлошите намирници кои можете да ги послужите, често ќе прочитате дека треба да се избегнува „по секоја цена“. Сепак, ова важи само за оние направени од бело брашно, од кое е „извлечено“ речиси сè што може да се отстрани.
Исто така, лебот купен во продавница може да содржи многу адитиви, масти и додаден шеќер. Доколку сами си направите леб, користејќи квалитетни состојки и интегрално брашно, ќе добиете извонредна храна.
Студија од 2020 година покажа дека исхраната богата со протеини од растителни извори во храната како што е лебот може да биде поврзана со помал ризик од смрт.
„Ни компирот не е нездрава храна“, предупредува нутриционистот Торал Шах. Богат е со растителни влакна, има витамини од групата Б, а особено е добро ако го готвите со кора. Најдобро е да почекате малку и да го јадете речиси разладен. Потоа во него се развива отпорен скроб и го намалува гликемискиот индекс.