Дали доаѓа „нов Путин“? И тој е поранешен агент на КГБ
Се плетата приказни дека шефот на ФСБ, Александар Бортников, би можел да го замени Путин. Но Бортников падна во немилост по инвазијата на Украина
Во овој месец откако трае руската инвазија на Украина се плетата разно-разни приказни за Владимир Путин, неговото здравје, расположението во високите ешалони на Кремљ, па дури и можноста тој да биде отстранет од функцијата. Последната од тие приказни е дека се подготвувал заговор за „труење“ на Владимир Путин, а на негово место да дојде друга контроверзна политичка фигура, пишува британски „Мирор“.
Според таа сторија, украинските разузнавачи тврдат дека заговорот за смена на претседателот, наводно, започнал откако западните санкции ја осакатиле руската економија.
Изворите тврдат дека Александар Бортников, директор на Федералната служба за безбедност (ФСБ) и доверлив човек на Путин, би можел да биде фаворизираната замена.
Тој е една од ретките личности кои припаѓаат на моќниот внатрешен круг на Путин – и се вели дека го дели неговиот антизападен свет поглед, откако претходно служеше заедно со рускиот претседател во КГБ.
Сепак, тој неодамна падна во немилост на Кремљ по големитевоени загуби на Русија во Украина и неуспешната инвазија.
Поранешниот разузнавач Бортников е роден во Перм во планините Урал и дипломирал на вишата школа на КГБ „Џержински“.
Во интервју за „Росискаја газета“ во 2017 година, 70-годишниот Бортников тврди дека „уништувањето на Русија сè уште е опсесија за многумина“.
Тој се сретна со Путин додека двајцата служеа како офицери на КГБ во Ленинград во 70-тите години и игра клучна улога во обезбедувањето на претседателот да ја задржи власта.
Путин замина од КГБ како потполковник во 1991 година, додека Бортников постојано се искачуваше во хиерархијата.
Синот на Бортников, Денис, е заменик-претседател на државната банка ВТБ и е меѓу санкционираните од ОК, додека Бортников постариот беше санкциониран од САД во март 2021 година.

Сепак, според Андреј Солдатов, експерт за руските безбедносни служби, Бортников го нема истото влијание врз Путин како другите – особено по неодамнешните настани.
Се вели дека Путин е бесен на неточните разузнавачки информации што ги добил по инвазијата на земјата во Украина.
Рускиот претседател, директор на ФСБ од 1998-1999 година, ја цени разузнавачката служба пред речиси секој друг извор.
Проблемите се појавија откако безбедносната служба не успеа да користи шифрирана комуникација – што значи дека пораките на бојното поле биле лесно пресретнати.
Но, се смета дека поранешниот разузнавач сè уште има големо влијание врз инсајдерите во Украина, каде што раководел со голем број агенти.
ФСБ има стотици агенти низ целата земја, кои користат тактички групи за да ги заплашат цивилите во окупираните области, тврди украинската војска.
Откако Бортников се приклучи на ФСБ во 2008 година, бројот на операции и атентати од висок профил се зголеми. Тој е одговорен за илјадници притвори и заострување на граѓанските ограничувања.