Дали цените за паркирањето на Клинички ќе останат исти: Еве што вели Ѓорѓиевски


Фото: Б. Грданоски

Околу три милиони евра ќе предвиди Градот Скопје во првата фаза за изградба на монтажни паркинзи, но приоритет ќе имаат двата монтажни паркинга во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Цените за паркирањето на Клинички ќе останат исти во наредниот период, а откако ќе се изградат монтажните паркинзи ќе биде утврден за дополнителните позиции нов правилник, но тоа нема да значи покачување на цените, туку утврдување на односите поврзани со наплатата, рече градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

На прес-конференцијата, по потпишувањето на Договорот со Министерството за здравство за изградба на паркинзите во комплексот клиники „Мајка Тереза“, Ѓорѓиевски напомена дека Градот предвидува средства за монтажни паркиралишта и во Аер0дром, Капиштец, Кисела Вода, како и на многу други места.

-Во првата фаза ќе предвидиме одредени средства за монтажни гаражи, а приоритет ќе бидат паркинзите на Клинички, но не ја исклучувам можноста дополнително да се распише постапка за изградба на паркиралишта на други позиции, истакна градоначалникот, одговорајќи на новинарски прашања. Знам дека се е поскапено изминатие години, многумина ми велеа кога станав градоначаник дека треба да ги покачиме цените, но јас сум избран од граѓаните, треба да направам рална проценка на финсиската состојба и можностите на граѓаните. Не сум за сега да се покачат цените, ниту сум ветил, ниту такво нешто ќе направам. Цените за паркинг на Клинички ќе останат исти, нема да бидат променети. Воведовме нови групи – онколошки пациенти кои дополнително ги ветнавме и тие бесплатно ќе ги користат услугите. За одредени граѓани кои имаат одредени дијагнози, ќе има целосно ослободување, потенцира градоначалникот.