Дачиќ: Повлечена е одлуката за испраќње српски полицајци во РС за време на туристичката сезона


Илустрација

 Повлечена е одлуката за испраќање српски полицајци во градови во Република Српска за време на туристичката сезона поради негативните реакции од Сараево. Тоа денеска го изјави српскит министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ кој додаде таква соработка постои со Хрватска, Црна Гора и други земји.

Дачиќ изјави дека обвинувањата од Сараево дека испраќањето полицајци е „акт на агресија“ и дека Србија на таков начин „поттикнува војна“ се уште еден доказ дека сѐ што се случува се политизира.

Тој рече дека било планирано полицајците да бидат присутни во три градови во Република Српска.

„Таков договор имаме со Хрватска од 2010 година, а сега има двајца полицајци во Риека, односно Опатија. Од 2012 година имаме шест полицајци во Црна Гора. Тоа е нормална форма на соработка“, рече Дачиќ и додаде дека таква соработка постои и со Кина и со Турција.