Дачиќ бара објаснување зошто не му бил дозволен влез на Горан Бреговиќ во Молдавија


Министерството за надворешни работи на Србија побара објаснување од Молдавија зошто не бил дозволен во таа држава на славниот светски уметник Горан Бреговиќ. Шефот на срспката дипломатија Ивица Дачиќ изјави дека таквата одлука не е во согласност со традиционално пријателските односи меѓу Србија и Молдавија.Одлуката предизвика многу негативни реакции и наиде на осуда во Србија.

Организаторите на Гитарскиот музички фестивал кој се одржува во Молдавија соопштија дека на Бреговиќ не му бил дозволен влез во таа земја иако веќе слетал на аеродромот во Кишињев.Бреговиќ и се извини на публиката што нема да може да настапи.

Влезот, според пишувањата во Молдавија, му бил забранет бидејќи „отворено ја поддржува анексијата на Крим, го поздравува Руски Мир и е посветен обожавател на Путин“. Бреговиќ настапи во анектираниот Крим во 2015 година и на почетокот наруската инвазијата на Украина изјави дека не ги поддржува санкциите против Русија.