Дачијан Чиолош доби мандат за состав на романска влада


Романскиот претседател Клаус Јоханис го предложи Дачијан Чиолош, лидер на центристичката Унија за спас на Романија, за мандатар за формирање влада. До минатата недела Чиолош беше шеф на парламентарната група на либералите во Европскиот парламент, Обнови ја Европа. Тој се откажа од местото европратеник за да се вклучи во домашната политичка сцена. 

Минатата недела, малцинската либерална коалиција на Флорин Читуа, која беше на власт девет месеци, ја загуби довербата.

„Партијата УСР е единствената партија која ми поднесе предлог“, изјави Јоханис објаснувајќи ја одлуката за именување мандатар откако одржа одделни консултации со сите парламентарни партии.