Црвеното вино најмалку му штети на црниот дроб
САД– Истражувањата покажуваат дека алкохолот е главен фактор на опасност околу заболувањата на црниот дроб, особено за цироза. Многу лекари и нутриционисти се согласуваат со тоа и ги охрабруваат сите оние кои уживаат во алкохолните пијалаци – да го намалат внесот колку што е можно повеќе.
Сепак, д-р Ненси Ри од Универзитетот Волден во САД, тврди дека постои еден пијалак кој исто така можеби му штети на црниот дроб, но многу помалку од другите пијалоци, а има и многу делотворни дејства. Тоа е црвеното вино.
– Ако имате здрав црн дроб, не мора целосно да се откажете од алкохолот. Бројни трудови покажаа дека токму црвеното вино содржи антиоксиданси коишто може и да го подобрат здравјето на Вашиот црн дроб. Секако, доколку го консумирате умерено, нагласи докторката.