Црвениот килим на почесните Оскари во Холивуд ( фото)
Академијата за филмска уметност и наука, синоќа, по 16-ти пат ги организираше Governors Awards. И покрај обилните дождови и ветер, на гала настанот кој не се пренесува на ТВ пристигнаа славните ѕвезди во гламурозни изданија.

Гала настанот, кој се смета за клучна станица за кандидатите за сезоната на награди, им додели почесни награди на Том Круз, Деби Ален и продукцискиот дизајнер Вин Томас.

Доли Партон беше наградена со хуманитарната награда „Џин Хершолт“, иако претходно беше објавено дека музичката суперѕвезда нема да се појави поради здравствени проблеми.

Четирите почесни Оскари беа доделени за време на вечера и церемонија во балската сала „Реј Долби“ во „Овашн Холивуд“. (Варајати)










