Црвениот килим на „Греми“ поцрвене од голотија (фото)


Лос Анџелес -68-мото доделување на наградите „Греми“, на кои беа прославени најдобрите изведувачи и изданија на годината во музиката, се одржа синоќа во „Crypto.com Arena“ во Лос Анџелес. Додека голем број музичари ги примија наградите на сцената, вклучувајќи ги Били Ајлиш за „Песна на годината“ со нејзиниот хит „Wildflower“ и Лејди Гага, која ја освои наградата за најдобар поп вокален албум за „Mayhem“, вечерта започна во препознатлив стил на црвениот тепих, со серија впечатливи модни изданија.

Црвениот тепих на Греми е познат по тоа што не ги следи строгите правила за мерена елеганција и формалност што ги гледаме на доделувањата на награди како што се Оскарите или Златните глобуси. Доминира забава, театралност и склоност кон преземање модни ризици, што беше целосно изразено оваа година.

Актерката Тејана Тејлор во „Том Форд“
Хајди Клум
Чапел Роан

Сабрина Карпентер во „Валентино“

Оливија Дин во „Шанел’

Тајла во “DSquared2“

Леди Гага во креација од пердуви на Matières Fécales. А на сцената направи перфоманс за паметење, облечена во Александар Меквин

Џастин Бибер во „Баленсијага“, а Хејли Бибер во „Алаја“

Зара Ларсон
Мајли Сајрус