„Црно сонце“ од Ацо Шопов доби англиски препев – еве кој ја пее
Англискиот препев на „Црно сонце“ од Ацо Шопов е првата песна на бендот „Ветрило“, снимена во чест на стогодишнината од раѓањето на македонскиот поет.
Спотот во режија на Спасовиќ го снимаа Томислав Георгиев и Драгица Николовска, а монтажата е на Небојша Илијевски.
„Црно сонце“ е и најава на албумот на „Ветрило“, кој ќе опфати и поезија од помлади македонски автори.