Црна Гора: Просечната плата е 530 евра


Просечната плата, без даноци и придонеси, во јануари изнесува 530 евра и е за 0,6 проценти поголема од декември минатата година, според Монстат.

Просечната нето-плата во јануари се зголеми за 1,1 отсто во споредба со истиот месец лани. Просечната бруто плата во јануари беше 791 евра.

„Ако имаме во предвид дека потрошувачките цени во јануари во однос на декември минатата година се зголемија за 0,3 проценти, следува дека реалните плати за истиот период се зголемија за 0,3 проценти“, се вели во соопштението.
Според Монстат, просечните плати без даноци и придонеси во јануари во споредба со декември минатата година се зголемени во секторите градежништво и административни и помошни услужни дејности за 4,1 процент.

„Раст е забележан во секторите снабдување со електрична енергија 1,3 проценти, трговија на големо и мало 1,3 проценти, информации и комуникации 1,1 процент“, соопшти Монстат.

Пад на просечната плата без даноци и придонеси во јануари во однос на претходниот месец е забележан во секторите преработувачка индустрија, 8,5 проценти, деловна активност со недвижнини 3,1 отсто, сместување и храна услуги за 2,3 проценти.