Црна Гора од „златните пасоши“ остварила приходи од речиси 380 милиони евра


 

За време на траењето на програмата за економско државјанство од 2019 година до крајот на 2022 година, поднесени се вкупно 1.113 барања за стекнување црногорско државјанство со прием, пишува Дан.

До 1 јули за 54 барања Агенцијата за инвестиции пријавила дека се исполнети условите, за 791 барање МВР донело решение за прием и се врачени пасоши, девет барања се контролираат од независен ревизор, додека 228 барања се одбиени поради негативно мислење, покажуваат податоците на Агенцијата за инвестиции (АЗИ), кои се содржани во информацијата усвоена од црногорската влада.

Според информациите, вкупните приходи од економско државјанство изнесуваат речиси 380 милиони евра. Затоа претходните влади со голема мака решија да ја завршат програмата. Но, мораа поради инсистирањето на Европската унија.

Според податоците од информацијата за состојбата на програмата за економско граѓанство од 1 јули, минатата година од сметката на Агенцијата за инвестиции за развој на помалку развиените единици на локалната самоуправа во Централната каса биле префрлени средства од 33 милиони евра. За донација за развој на помалку развиените општини лани се уплатени 33,3 милиони.