Циципас објави крај на соработката со Иванишевиќ


Атина – Грчкиот тенисер Стефанос Циципас објави дека ја прекинал соработката со тренерот Горан Иванишевиќ.

-Работата со Горан Иванишевиќ траеше кратко, но интензивно и навистина е вредно поглавје во мојот живот. Благодарен сум за времето, трудот и енергијата што ми ги посвети.
Нашите патишта се разделуваат и немам ништо друго освен почит кон Горан. Не само за неговите достигнувања во тенисот, туку и за неговите човечки квалитети, напиша Циципас на социјалните мрежи.

Циципас и Иванишевиќ започнаа соработка на 29 мај.

Педесет и тригодишниот Иванишевиќ, работеше со Новак Ѓоковиќ од 2019 до 2024 година. Тој ги тренираше и Марин Чилиќ, Томаш Бердих, Милош Раониќ и Елена Рибакина.

Циципас е рангиран на 29. место на АТП ранг-листата.