ЦИА демантира поврзаност на дејствата на Трамп со наводната евакуација на американски шпион од Русија
Централната разузнавачка агенција (ЦИА) ја демантираше информацијата дека дејствата на претседателот Доналд Трамп предизвикале евакуација на „американски шпиион“ од Русија, соопшти синоќа „Фокс Њуз“, повикувајќи се на извор во агенцијата.
– Далеку се од реалноста неоснованите шпекулации дека наводната операција за извлекување е предизвикаа поради обраќање на претседателот со најделикатни разузнавачки информации, се вели во изјавата.
По прилозите на „Си-Ен-Ен“, „Вашингтон Пост“ и „Њујорк Тајмс“ објавени на 9 септември за извлекувањето на длабоко инфилтриран шпион на САД во Кремљ во 2017 година, руските медиуми излегоа со податок за идентитетот на тоа лице, односно дека се работи за Олег Смоленков, вработен во администрацијата на претседателот Владимир Путин.
Според Димитриј Песков, портпаролот на Путин, Смоленков навистина работел во админиситрацијата но бил отпуштен пред неколку години. Според изданието „Дејли сторм“, Смоленков, заедно со сопругата и трите деца, во 2017 година заминал за Црна Гора и потоа исчезнал, по што била покрената кривична пријава за убиство.
Радио Слободна Европа, пак, синоќа излезе со извештај дека брачниот пар Олег и Антонина Смолнеков со нивните деца до пред неколку денови живееле во голем дом во Стафорд, Вирџинија. Соседите, интервјуирани од изданието, потврдиле дека Смоленкови се преселиле овде пред една година, но дека касно во ноќта на 9 септември ненадејно го напуштиле домот.
Според „Њујорк Тајмс“ шпионот одиграл важна улога во истрагата на ЦИА за вмешаноста на Русија во претседателските избори во 2016 година. Имено тој им помогнал на разузнавачките служби да извлечат заклучок дека лично Путин е одговорен за вмешаноста во изборите.
Од Белата куќа и Стејт департентот укажаа дека извештајот, најпрвин објавен од „Си-Ен-Ен“, биле „погрешна водена шпекулација“ и „неточност“.