Човек во САД невин поминал 43 години во затвор – сега е пуштен
Афроамериканец на возраст од шеесетина години пуштен е на слобода во вторникот по одлука на судот во Мисури, откако поради судска грешка 43 години поминал во затвор.
Кевин Стрикланд (62) во 1979 година порота составена само од белци го осудила на доживотен затвор за тројно убиство, иако тој негирал.
„Никакви материјални докази не го поврзувале со злосторството, а осуден е исклучиво врз основа на исказ на преживеана, а таа подоцна го повлекла исказот“, истакна судијата Џејмс Волш во одлуката.
Покрај тоа, двајца од четворица сторители на крвавиот напад, потврдиле дека тој е недолжен, истакнува судијата.
„Довербата во судот во случајот на осудителната пресуда за Стрикланд потполно е нарушена“, оценува, наредувајќи „моментално пуштање на затвореникот на слобода“.
Главната обинителка на округот Џексон, која барала поништување на пресудата, ја поздрави одлуката. „Овој човек, кој толку прострада поради несреќна судска грешка, конечно доби правно задоволство“, рече Џин Петерс Бејкер во соопштението.