Анџелина Џоли во Париз – до врвен стил со едноставни парчиња
Франција- Анџелина Џоли изгледаше неверојатно шик додека се шеташе низ центарот на Париз. Актерката го посетила бутикот Guerlain на Шанзелизе во главниот град на Франција, а при таа посета не останала незабележана.
Како вистинска Парижанка, актерката беше елегантна со само неколку чудесни парчиња. Долг црн капут, прицврстен само со едно копче, извонредно кроен со морнарски детали, под него елегантен беж фустан.

Анџелина носеше класични црни салонки и бела чанта со потпис на Диор, која ја носеше преку зглобот.
Од додатоците таа носеше само златни обетки и очила за сонце. Видно расположена дури и разговараше со насобраните фанови.

Актерката негува посебен однос со таа земја и тоа не го крие, пред се затоа што нејзината мајка Маршелин била Французинка. Секогаш е среќна што се враќа во таа земја и се чини дека таму е особено добро расположена.
Иако беше опкружена со обожаватели и едвај успеа да помине низ толпата, најде време да им даде автограми.