Четворица осомничени за соборување на малезискиот авион МХ17


Четири лица, осомничени за соборување на малезискиот авион МХ17 во јули 2014 година, ќе се соочат со обвиненија за убиство на судењето што е закажано во март следната година во Холандија.

Истражителите ги објавија имињата на осомничените, од кои тројца се Руси, а еден е украински државјанин, пет години откако патнички авион со ракета беше соборен над територијата, која е под контрола на проруските сили во Украина.

Четворицата осомничени се товарат дека се одговорни за транспорт на ракетниот систем, кој е употребен за соборување на авионот МХ17.

Истражителите најавија дека ќе побараат од Русија да ги испорача тројцата осомничени, а претпоставуваат дека четвртиот осомничен се наоѓа во Украина.

Судењето ќе почне на 9 март 2020 година во Холандија.