Четворица малолетници пронајдени затруени, итно се пренесени на Токсикологија


Фото: Б. Грданоски

Четворица малолетници се пронајдени попладнево во безсознание во куќа во Скопје. Тинејџерите во моментот се на лекување на Клиниката за Токсикологија. Докторите се обидуваат да ја дознаат причината за нивната здравствена состојба, а повикан е и дежурниот персонал, јавува Фокус.

Тие се во сериозна здравствена состојба, а забележани се и повреди на нивното тело. Од Министерството за внатрешни работи ја потврдуваат информацијата. Според полицијата, нивните службеници на терен затекнале двајца од четворицата во безсознание, како и алкохол и психотропни супстанци.

– Advertisements –

Полициски службеници од СВР Скопје постапиле по пријава за нарушен јавен ред и мир и притоа е утврдено дека во куќата на Д.Г. (40) имало четири малолетни лица, од кои две биле во безсознание и истите консумирале алкохол и психотропни супстанци. Лицата се пренесени на Клиниката за токсикологија и во координација со Јавен обвинител, кој излегол на лице место, се преземаат мерки за расчистување на случајот.