Четворица астронаути кои летаа со рециклирана ракета стигнаа на МВС
Четворочлената посада астронаути денеска стигна на Меѓународната вселенска станица со капсулата „Ендевор“ на ракетата „Спејс икс кру драгон“, објави НАСА за првиот лет на рециклирана ракета од минатаото лето.
Касулата „Ендевор“, втор пат во вселената, лансирана е во петокот со ракетата „Фалкон 9“ од центарот за полетување на Флорида во сопственост на НАСА: „Спејс икс“ е приватна фирма на Елон Маск.
„Ендевор“ пристигна на МВС во 10.08 часот по македонско време, со двајца астронаути на НАСА, Шејн Кимбург и Меган Мекартур, јапонскиот астронаут Акихико Хошиде и францускиот инжињер од Европската вселенска агенција Томас Песке.
Со оваа мисија на МВС стигна втората група астронаути која патуваше со „Кру драгон“, откако минатата година продолжија летовите од американско тло, по деветгодишна пауза.
Тоа е трет лет со посада во 11 месеци во соработка на НАСА и „Спејс икс“, фирмата која Маск ја основа во 2002 година.
Ракетата „Фалкон 9“ лансирана е од ракетен носач кој е поставен пред пет месеци, што е прв пат во историјата на вселенските летови.
Повторното користење на ракетните носачи, овозможи сигурно враќање на површината на Земјата место досегашните методи на пад во море, клучни се за стратегијата на „Спејс икс“ за намалување на цените за летови во веселeната , пишува Ројтерс.