Четири деца загинаа во Австралија кога ветар оддува шатор


Четири деца загинаа во Австралија, а неколку се тешко повредени кога силен ветер разнесе шатор на надувување за време на училишна прослава, поради што децата паднале од висина од 10 метри, соопштија властите во четвртокот. Веста го вознемири континентот, граѓаните не може да веруваат како можеше да се случи таква несреќа.

Две момчиња и две девојчиња на возраст од 10 или 11 години се загинати во несреќата во Девонпорт, северозападна Тасманија.

Уште пет деца се во болница, од кои четири се во критична состојба, соопштија властите.

Засега не се разјаснети околностите за несреќата, а не се соопштуваат други детали за идентитетот на децата, освен дека инцидентот се случил во основното училиште Хилкрест.

Повредените деца се ученици од последното, 6-то одделение од основно училиште.

Несреќата е една од најтешките од ваков вид во Австралија и предизвика бран на неверување и тага.

„На денот кога овие деца требаше да го прослават својот последен ден од основното училиште, наместо тоа, сите жалиме за нивната загуба“, им рече на новинарите комесарот на полицијата на Тасманија, Дарен Хајн.

„Нашите срца се скршени поради нашите семејства и најблиски, соученици, наставници на овие млади луѓе кои ги изгубивме прерано“.

Тасманскиот премиер Питер Гутвејн рече дека е „едноставно незамисливо да се случила оваа шокантна трагедија“ и вети темелна истрага.

Премиерот Скот Морисон рече дека тоа е „срцепарателен инцидент“.

„Малите деца со нивните семејства за време на прославата што се претвори во таква страшна трагедија во овој период од годината. Само ти го крши срцето“, им рече Морисон на новинарите.