Чешка од 1 јуни почнува со вакцинација на сите постари од 16 години
Чешкиот премир Андреј Бабиш рече дека Чешка најдоцна до 1 јуни ќе покрене регистрација на сите постари од 16 години за вакцинирање против Ковид-19.
Во моментот во таа земја, членка на Европската Унија, може да се вакцинираат постари од 55 години, како и помлади хронично болни лица, додека во среда почнува регистрација на оние од 50 до 54 години.
Ќешка, со 10,7 милиони жители, неодамна го помина прагот од милион во потполност вакцинирани луѓе против Ковид-19, а 2,17 милиони примиле прва доза.
Во Чешка има околу 690.000 луѓе на возраст од 50 до 54 години. Ако вакцинацијата се одвива како што треба, старосната граница за вакцинација треба да се спушта секоја недела за пет години, јави агенцијата ЧТК.
Во таа земја и понатаму опаѓа бројот на нови случаи. Според податоците од саботата, бројот на новозаразени на 100.000 жители минатата недела падна на 137. Од последиците од Ковид-19 во Чешка досега починаа 29.343 луѓе.