Чајот од кромид е одличен против кашлица, добар за синусите: Еве дали е подобро да го консумирате суров или термички обработен
Чај од кромид е народен лек кој се користи против кашлица, како и за инхалација на синусите. Овој чај помага при подвижноста на слузокожата, го раствора слузот и секретот, а особено важни материи во црниот кромид се алицинот и кверцетинот.
Според некои истражувања, кверцетинот помага во лекувањето на алергии и астма, е моќен антиоксиданс и го штити организмот од слободните радикали.
Подготовка на чај од кромид:
Земете две големи главици кромид, измијте ги и поделете ги на четвртинки. Заедно со кората, сварете го кромидот во еден литар вода. Кога една третина од водата ќе испари, чајот е готов. Потоа процедете го чајот и оставете го да се излади. Пијте го полека, една по една голтка. Доколку не ви се допаѓа вкусот на овој чај, можете да додадете други билки или неколку капки лимон за да го направите вкусот попријатен.
Додека чајот се вари и водата испарува, можете да вдишете така што ќе се доближите до тенџерето и ќе ја вдишете пареата.Кога чајот е готов, извадете го тенџерето од шпоретот, ставете ја главата над него и покријте го со крпа. За таа цел најдобро е чајот малку да се излади.
Чајот од црн кромид делува ефикасно на органите за дишење и ги ублажува иритациите кои предизвикуваат кашлање.
Многу луѓе се прашуваат дали е подобро да се јаде сиров или термички обработен кромид. Одговорот е дека кромидот има најмногу здравствени придобивки ако се јаде сиров. Кромидот е извор на витамините Ц и Б6, како и влакна, а исто така е богат со антиоксиданси.
Ако се готви, кромидот нема да биде лош, но нема да има толку многу хранливи материи како кога се јаде сиров. Препорачливо е да биде малку динстано, малку да омекне, без да изгуби премногу хранливи материи.